Неколку добри причини да се откажете од глутен

1172

Пред 10 000 години главниот извор на храна за луѓето биле дивите животни и плодовите, а не житни култури. Од раѓањето на земјоделството постои постојан пораст на износот на потрошувачката на житарици.

Во последните 130 години во западниот свет каде хроничните болести се многу распространети, луѓето консумираат најголем процент преработени зрна и глутен.

Многу научници веруваат дека дигестивниот систем не се прилагодил целосно кон варењето на овие зрна. Експертите сметаат дека 81 процент од луѓето имаат некоја форма на интолеранција на глутен, а најчесто таа се среќава кај луѓето од северноевропејско потекло.

Дури и да не сте дијагностицирани со алергија на глутен или целијачна болест, пак вреди да престанете да конзумирате храна која содржи глутен.

Еве и зошто:

1. Повеќе од 55 болести се поврзани со глутен.

Ако сте чувствителни на глутен, имунолошкиот систем праќа антитела кои ќе напаѓаат честички глутен. За жал, протеинот во глутен, глиадин, наликува на молекуларно ниво на некои од сопствените ткива на телото.Затоа антителата често погрешно напаѓаат други органи и системи, од кожата, преку мозокот, до тироидната жлезда. Овој процес е наречен молекуларна мимикрија. Сето ова може да ви предизвика проблеми со дигестивниот систем, ревматоиден артритис или автоимуно заболување, како тиреоидит на Хашим.

2. Јадењето глутен може да е причина за лошиот изглед на кожата.

Глутенот предизвикува воспаленија, кои се појавуваат во неколку различни телесни системи, вклучувајќи и во најголемиот орган – кожата. Затоа, ако имате чувствителност на глутен, вашето тело реагира на постојаната иритација со тоа што се зголемува производството на кортизол – хормонот на стресот. Премногу кортизол може да предизвика зголемување на телесната тежина, лош сон и акни.

3. Целите зрна, кои содржат глутен (пченица, лимец, јачмен и ‘рж содржат глутен) се лишени од хранливи материи, како витамин Е, цинк, хром, манган и железо.

Покрај тоа, тие содржат една супстанција наречена афлатоксин, што може да предизвика рак.

4. Јадењето глутен предизвикува воспаление, што го попречува протокот на крв во фронталниот кортекс.

Овој дел од мозокот, која ни помага да се фокусираме, да планираме да организираме, да управуваме со емоции, како и да ја користиме краткорочната меморија. Ова воспаление го намалува протокот на крв во мозокот и е силно поврзано со состојби како депресија и анксиозност.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.