Витаминот Ц игра многу важна улога во организмот: неопходен е во синтезата на колаген; му помага на одбранбениот систем на телото преку стимулирање на активноста на белите крвни зрнца и зголемување на нивото на интерферон, одговорот на антителата и лачењето на тимусните хормони.
Понатаму, витаминот Ц ја помага апсорпцијата на железото, а со тоа и формирањето на црвените крвни зрнца; ја претвора фолната киселина во активна форма; делува како антихистамин и на тој начин може да помогне во ублажување на симптомите на алергија. Недостатокот на витамин Ц може значително да го наруши квалитетот на вашиот живот, затоа не ги игнорирајте овие симптоми.
Статистиката вели дека околу седум проценти од жените и десет проценти од мажите често се борат со недостаток на витамин Ц.
1. Замор
Ако често се чувствувате слабо и апатично, можно е на вашето тело хронично да му недостасува витамин Ц. За почеток, направете тест на крвта за да добиете увид во состојбата на вашето тело.
2. Крварење на непцата
Бројни студии покажаа дека луѓето со ниско ниво на витамин Ц во организмот се поподложни на ризикот од крварење на непцата. Задолжително посетете стоматолог, но и зголемете го внесувањето на храна богата со витамин Ц.
3. Модринки
Со оглед на тоа што витаминот Ц промовира згрутчување на крвта и го зајакнува ткивото, неговиот недостаток ќе предизвика модринки дури и од најслучаен удар. Само запомнете колку пати случајно сте се удриле со стап и сте добиле модринки во рок од неколку минути.
4. Рани кои споро зараснуваат
Различни студии докажале дека повеќе од половина од пациентите кои користеле високи дози на витамин Ц закрепнале побрзо по операцијата отколку оние кои не земале никакви суплементи.
5. Болки во зглобовите
Колагенот помага во производството на витамин Ц, а кога му недостига на телото, дефинитивно ќе почувствувате болка во колената или колковите. Болката во зглобовите е речиси сигурен знак, по што веднаш може да се посомневате во недостаток на витамин Ц.
6. Проблеми со кожата
Модринки, дамки на кожата, сувост на кожата и пукнатини на аголот на усните се само дел од видливите промени на кожата кои настануваат поради недостаток на витамин Ц во вашиот организам.