Научниците | Бракот го уништува животот!

286

Добра вест за осамените срца – брачните парови се помалку издржливи и со лош социјален живот отколку слободните луѓе, утврди американско истражување, цитирано од “Дејли мејл”.

Ергените имаат позитивен амбиент кон животот. Тие се поврзани со своите семејства, со колегите и со соседите. Во исто време брачните парови имаат тенденција да се врзуваат. До овие заклучоци стигна д-р Бела ДеПауло од универзитетот Санта Барбара во Калифорнија.

Нејзиниот тим следел 814 истражувања на брак и неженети американски граѓани за последните 30 години, соопштија светските агенции.

Луѓето кои не биле поврзани со брачните окови, биле со високо чувство за стремеж и постојано се стремеле кон подобрување на својата личност. При сето тоа осамените срца се помалку користат од брачните парови кои се радуваат на даночни олеснувања и на покровителство на голем број закони.

“Изненадувачки е колку добро се справуваат луѓето без брачни обврски, истакнува д-р ДеПауло. Таа потсетува дека повеќето истражувања во кои се тврди дека задомените партнери се посреќни од другите, се засновани” не на науката, туку повеќе на идеологијата“.

Се повеќе луѓе избегнуваат свадби, бидејќи цврсто сакаат да останат не поврзани. Овој начин на живот за нив е најинтересен, најавтентичен и значаен. Според психологот осаменоста има свои предности, кои долго време биле негирани поради предрасуди против ергените.