Бремена сте и тоа во последните недели од бременоста, но ви се има секс. На прашањето дали е безбедно да го правите, oдговорот е “да”, додека нема други предуслови кои ќе го попречуваат правењето на секс во овој период од бременоста.
Многу жени го обожаваат сексот во бременоста, бидејќи чувствата кои ги имаат во овој момент не можат да се споредат со претходното искуство – оргазмите се посилни , побрзo се возбудуваат, неколку допири се доволни за да се доживее врховнo уживање.
Ова се должи на фактот дека областа на малиот таз и половите органи е исклучително добро крвоснабдена во овој период. Тоа е така поради стремежот на мајчиното тело да обезбеди доволно хранливи материи и кислород за плодот.
Искористете ги предностите на овие поволни услови. Само потребно e да знаете кои секс пози ќе се најпогодни во случајот. Сепак големиот стомак ги спречува нормалните интимни искуства .
Кои се најсоодветните секс пози во напредната бременост?
Лажички
Оваа поза е доста удобна, бидејќи не бара никакво движење од страна на жената . Таа лежи странично, а мажот се мести зад неа. Тој има грижа за целото искуство.
Оваа поза овозможува спокојно доделување што не предизвикува стискање на стомакот. Жената дури не ја чувствува тежината, зашто е опкружена со удобниот кревет.
Кучешка
Кучешката поза е удобна, бидејќи повторно нема никакво стискање на стомакот на мајката. Исто така, тоа овозможува и стимулација на клиторисот од страна на партнерот. Единствено така ќе се избегне непријатноста а нема да си лежите мирно, додека партнерот ја прави целата работа. Но, сепак имате добра потпора на рацете и колената.
Седечка
За спроведување на оваа поза ќе ви биде потребен стол. Вашиот партнер треба да седне на столот, а вие да седнете во неговиот скут со лицето кон неговото. Ако имате доволно потпора можете да ја изведете позата и со грбот кон него, но тогаш тензиите при пенетрација може да се посилни. Имајте го предвид.