НАЈПОПУЛАРНИОТ клинички психолог на денешницата | 42 ПРАВИЛА ЗА ДОБАР ЖИВОТ | Првите три се веќе апсолутен закон, а без 21. нема напредок и среќа

1215

31. Не избегнувајте нешто страшно што ви стои на патот и не правете непотребно опасни работи

Постепеното изложување на она од што се плашите лекува. Соочете се со светот искрено и храбро изложете се на работите од кои се плашите. Вашиот живот ќе се подобри.

32. Не дозволувајте вашите деца да прават нешто што ве тера да не ги сакате

33. Не претворај ја својата жена во слуга

34. Не метете ги несаканите настани под тепих

Ќе има моменти во вашиот живот кога ќе треба да се соочите со она што е пред вас наместо да се криете од вистината. Колку и да е страшна, уште пострашна е лагата со која се обидувате да ја замените вистината.

35. Забележете дека приликата демне таму каде што нема одговорност

36. Прочитајте нешто напишано од некој голем

Carl Gustav Jung имал идеја дека дел од развојот на личноста е разбирање на вашата сенка, деловите од вас што не сакате да ги признаете. Можете да дознаете за вашата сенка со читање на историјата. Книгата не е хартија, таа е портал. Мора да ги искористите тие моменти кога ја имате книгата во ваши раце.

37. Погалете мачка или куче кога ќе ги сретнете на улица

Кога работите не одат добро и се мачите во животот, секогаш ги имате овие мали моменти кои ни даваат навестување дека сè уште има надеж.

38. Не им пречите на децата кога возат скејтборд

Децата вежбаат да бидат храбри. Тие вежбаат да ги совладаат моментите во кои се соочуваат со опасност.

39. Не дозволувајте насилниците да се извлечат со нивното однесување

Обично го користам правилото со три чекори. Ако комуницираме и вие направите нешто што јас го доживувам како непочитување, ќе си го забележам тоа во мојата глава. Ако го направите тоа повторно, ќе си помислам: „Тоа веројатно не била попатна ситуација“. Сепак, ќе почекам, бидејќи сè уште нема доволно докази. Но, ако го направите тоа по трет пат, тогаш ќе ви кажам: „Еј, само што го забележав ова. Не само што се случило сега, туку се случило и тогаш. И се случи уште еднаш. Значи, има нешто тука што постои и нема да го игнорирам“.

40. Ако забележите нешто што треба да се поправи во земјата, напишете писмо до владата и предложете решение

41. Запомнете дека она што сè уште не го знаете е поважно од она што веќе го знаете

42. Бидете благодарни и покрај страдањето

Има вистинска корист од благодарноста. Благодарноста е процес на свесен и храбар напор пред животната катастрофа.