Денес, Белгијката Анеке Лукас е 60-годишна жена и никој не би ни претпоставил дека нејзината нежна, мирна, стабилна надворешност крие драматична и трауматична животна приказна, достојна за морничав, напнат трилер.
Во неколку наврати, Анеке јавно ја обелоденила својата приказна за тоа како, уште како мало девојче завршила во синџирот на проституција и бело робје!
Анеке имала само шест години кога, во 1969 година, нејзината мајка ја продала на белгиски педофилски синџир во сопственост на аристократи и високи моќници во Белгија, во кој и момчиња и девојчиња биле силувани, мачени и убивани.
„Многу, многу, многу пати сум силувана, но немам лузни за да го докажам тоа. Тоа обично се случувало навечер и за време на викендите, па пресметав дека ме силувале околу шест часа неделно, повеќе од 1.700 часа пред својот 12-ти роденден“, се присети оваа жена која најранливите години од своето детство ги поминала практично како сексуална робинка на елитата.
„Првпат во тој синџир ме однесе жена која работела како чистачка на мајка ми. Имав шест години и се грижеа за мене во текот на викендот, а нејзиниот сопруг ме одведе директно во рацете на педофилите. Подоцна, мајка ми почна сама да ме носи на тие сеанси. Мајка ми никогаш не била мајка, туку многу болна жена и психопат“, изјави Анеке.
Некаде околу нејзиниот шести роденден, таа била принудена на првата оргија во белгиски замок. Според сопственото сведочење, таа била користена како дел од сет во садо-мазо претстава, а на сцената била окована со метален ѓердан околу вратот.
„Децата биле роба (стока), најценетата роба“
„Потоа останав да лежам како скршен предмет, бев толку понижена. Возрасните мажи кои се дел од ланецот таму се од различни причини. Имаше многу алкохол и дрога. Децата беа стока, најценета роба, а тие служеле за секс“, вели 59-годишната и тврди дека секое дете кое помислило или изјавило дека ќе каже во полиција, едноставно „ќе исчезнало“.
„Секогаш постоела закана дека ќе ме убијат. Момчињата биле почесто мачени, а девојчињата убивани. Убиствата не биле секогаш вршени во тајност и се сеќавам дека еднаш дури и видов тело“, сведочи таа.
Анеке морала да оди на училиште во текот на неделата, како ништо да не се случило. Вели дека била срамежлива, со многу малку другари на училиште, а дома никој не се грижел за неа.
„Кога ќе се вратам од училиште, мајка ми не реагирала никако, како ништо да не се случило, па го прифатив нејзиното негирање и постојано си велам дека сум нормална. Тоа е срамно, но одбив да се соочам со она што ми се случува. Ниту имав учител на кој би му се доверила. Во синџирот ми се закануваа и не видов излез од таа ситуацијата“, истакна Лукас.
За Анеке ситуацијата уште повеќе се влошила кога станала миленичка на лидерите во овој синџирот. Таа била наменета само за ВИП клиенти, но исто така била обучена да биде некој вид на шпион.
„Се истакнав во тој синџир. Моќните луѓе ме гледаа како најсовршениот, најсензуалниот објект. Ова е единственото позитивно искуство за мене како дете во тој момент и морав да се држам за него како спас за да не се удавам во морето на срам и одбивност кон себе“, рече таа.
Требало да биде убиена, но белгиски гангстер ја спасил од пеколот
Кога Анеке имала 11 години, откако поминала пет и пол години во најразвратниот свет на блуд и неморал, моќниците одлучиле дека таа „веќе не е корисна“ и дека ќе биде убиена. Неколку часа ја мачеле, поради што сè уште има лузни по целото тело. Работата да биде уште полоша – ја повредиле други деца кои на тоа биле принудени од возрасните.
Ја спасил белгиски гангстер – склучил договор со висок белгиски политичар, кој бил член на мрежата, да работи за нив во замена Анеке да биде поштедена.
Денес, оваа 60-годишна жена се присетува на „лекциите“ што ѝ ги дал тој гангстер – никогаш да не стане проститутка, да не спие со никого од која било причина, да не стане зависна од алкохол или дрога, да ја напушти Белгија засекогаш. Анеке вели дека тие упатства ја воделе низ животот и ѝ помогнале во деновите што следеле, заедно со советите што тој ѝ ги дал како да се соочи со мајката кај која морала да се врати.
„Тешко било да се живее дома, мајка ми била несреќна бидејќи повеќе не бев дел од мрежата. Се трудев да ѝ удоволам колку што можев, но си заминав од дома на 16 години“, рече Лукас која во 80-тите ја напуштила Белгија, живеејќи во Париз, Лондон и Лос Анџелес пред трајно да се пресели во Њујорк.
„Посакувам ова да не е мојата приказна и дека сè можело да биде поинаку, но важно е да се зборува за сето ова. Поминав децении обидувајќи се да дојдам до точка каде што се чувствувам како некој што вреди да се живее. Мислам дека фактот дека во таа мрежа сум морала да повредувам други деца е најлошиот дел, бидејќи тоа ме натера да се чувствувам како агресор, а не како жртва“, заклучува Анке.
Приказната предизвикала голем скандал во Белгија, но во 2017 година портпаролот на федералната полиција во Белгија изјавил дека тие не можат да ги коментираат тврдењата на г-ѓа Лукас.