Верувале или не, интимните односи се исто толку важни за жените како и за мажите, а едно истражување покажало колку често жените сакаат да имаат секс.
Овие одговори ќе изненадат многумина.
Пред неколку години, една апликација за плодност спроведе интересна анкета на тема интимни врски, а во истражувањето учествуваа дури 500 жени од различни возрасни групи – од 18 до 65 години.
Тие одговараа на прашања за нивните интимни навики и желби, а резултатите се следни:
- 89,2 отсто од жените се согласуваат дека интимните односи се важен дел од секоја врска
- 60,8 отсто од жените сакаат интимни односи три до пет пати неделно
- 53,2 отсто од жените сакаат повеќе интимни односи отколку што имаат моментално
- 38,6 отсто од жените барем еднаш доживеале оргазам за време на интимните односи
- 13 проценти од жените сакаат интимни односи повеќе од 6 пати неделно
- 10,2 отсто од жените доживуваат повеќекратни кулминации за време на сексуалниот однос.
Истражувањето открило и дека дури 46,8 отсто од жените се задоволни од својот интимен живот, а 38,6 отсто доживуваат оргазам секој пат кога имаат секс.