НАЈИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЛУЃЕ СЕ РАЃААТ ВО ОВОЈ МЕСЕЦ !

1049

Според едно истражување, постои јасна врска помеѓу месецот во кој сте родени и вашата интелигенција.

Научно е докажано дека сме многу попаметни ако нашиот биоритам функционира беспрекорно, со други зборови ако спиеме добро. Исто така нашата интелигенција е поврзана со храната што ја јадеме и колку вода пиеме.

Неспорно е дека нашето сознание е под влијание на многу фактори, но дали сме повеќе или помалку интелигентни поради месецот во кој сме родени?

Според студијата спроведена од National Bureau of Economic Research, постои јасна врска помеѓу месецот во кој сте родени и вашата интелигенција.

Истражувањето, кое ги вклучи University of Toronto, the University of Florida и Northwestern University, го анализира когнитивниот развој на 1,2 милиони деца на училишна возраст за да се утврди кој месец ги „произведува“ најпаметните луѓе.

Учесниците во студијата посетувале јавни училишта и биле на возраст меѓу шест и петнаесет години.

Утврдено е дека родените во септември имаат повисок просек од оние кои се родени во другите месеци, што се припишува на тоа што се малку постари кога почнуваат на училиште. Според извештаите, тоа може да влијае на нивниот развој, земајќи го предвид фактот дека тие се единаесет месеци постари од некои нивни врсници.

Дополнително, најнизок просек имале родените во август, што на некој начин ја потврдило оваа теорија. Истражувачите исто така веруваат дека бебињата од септември имаат поголеми шанси да посетуваат универзитет, бидејќи нивниот просек може да се подобри само со текот на времето.

Сепак, не се сите лоши вести за луѓето кои не се родени во деветтиот месец. Децата кои немале добри перформанси подоцна ги стигнале своите постари пријатели. Студијата исто така заклучила дека оние родени во септември имаат помала веројатност да завршат во затвор.