8% од соновите ни се еротски

2043

Научници од Универзитетот во Монтреал успеале да дешифрираат што стои зад еротските слики кои се 8% од сите наши соништа.

Експертите одлучиле да ги разоткријат кои се најзастапените еротски настани што ги доживуваме додека спиеме и нивното значење.

На пример сексот со странец може да значи дека во реалниот живот треба да бидете поагресивни и да го изразувате сопственото мислење.

Изневерувањето во спиење сугерира дека вашиот партнер во животот бара повеќе внимание.Чувството на вина дека го занемарувате партнерот се изразува преку овој еротски сон.

До колку сонувате дека имате секс со лице од ист пол покажува недостаток на љубов и доверба, а ако на сон ви се прикажуваат страсни сцени со поранешниот, размислете како да избегате од рутината со новиот дечко до вас, со кого се чини работите во спалната соба се премногу здодевни.