Земањето на протеин од сурутка пред главното јадење им помага на дијабетичарите да го одржуваат нормалното ниво на шеќер во крвта по јадење.
Ефектот од протеинот бил испитуван врз 15 волонтери со контролиран дијабетес. Докажано било дека нивото на шеќер се намалува за 28% до три часа по оброкот.
Протеинот има и друга предност – ја подобрува реакцијата на организмот кон инсулинот. Неговата ефикасност може да се спореди со најсовремени лекови против дијабетес.
Сурутка се добива при процесот на производство на сирење. Познато е дека редовната консумација на млеко е поврзана со намалување на ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.
Истражувачите oткpиле дека кoнcyмaцијата нa овој пpoтeин го намалува лошиот xoлecтepoл, ги намалува триглицеридите и знaчитeлнo го нaмaлува виcoкиот крвен притисок.