Едно ново истражување покажа дека кај возрасните лица кај кои со текот на годините се повеќе се зголемува чувството на загриженост и страв, често се развива Алцхајмерова болест.
Геријатриската психијатарка Ненси Донован, заедно со нејзините соработници открила како зголемените симптоми на анксиозност се поврзуваат со високото ниво на бета-амилоид или протеински фрагменти, собрани во нервното ткиво, што инаку се поврзува со развојот на Алцхајмеровата болест во мозокот на старите лица со нормални когнитивни функции.
Додован, тврди дека резултатот од нивното истражување укажува на тоа оти зголемените симптоми на анксиозност можат да бидат ран знак за Алцхајмерова болест.
Во испитувањето биле вклучени 270 лица на возраст од 62 до 90 години со нормални когнитивни функции.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.