Најдобри и најумни | Само неколку земји ги учат децата како да размислуваат

1879

За да разбереме што се случува во овие училници, Рипли следи три американски тинејџери кои поминале по една година преку размена на ученици во Финска, Полска и во Јужна Кореја. Нивните широкогледи искуства предизвикуваат за понатамиошно читање на оваа книга. Во секоја земја, Американците се водушевени колку напорно работат нивните врсници, и колку сериозно ги сфаќаат обврските за учење. Часовите таму по математика се пософостицирани, со лекции кои често покажуваат фасцинантни примери како геометријата, тригонометријата и сметањето функционираат заедно во реалниот свет. Учениците не користат дигитрони и учат како да пресметуваат во своите глави. Училниците се едноставни и ослободени од високотехнолошки направи, кои децата и така ги имаат дома. А наставниците по секој предмет го изложуваат авторитетот на професионализам, кој високо се цени.

Рипли му ја препишува заслугата на пресвртот во Полска на Мирослав Хандке, поранешниот министер за образоцание. Кога дошол на оваа позиција во 1997, полската економија била во пораст, но Пољаците изгледа биле судбински наклонети кон работни места каде се бараат помалку вештини, за разлика од тоа што го сакале Европјаните. Затоа тој започнал со сега веќе епската програма за школски реформи, со нова клучна наставна програма и со стандардизирани тестови. Сепак неговата најефикасна промена била и неговата најпосакувана: тој го очекувал најдобриот успех од сите негови ученици. Решил да ги задржи сите полски деца во исто училиште до нивната 16 година, одложувајќи го мигот кога некои би се одлучиле за стручни води. Издигнувањето на Полска во рангирањето на Писа е воглавно резултат на високите оценки од овие наводно неакадемски образовани деца.

Ова е лекцијата која Рипли ја наведува во нејзината прошетка по „земјите со умни деца“. Децата жнеат успеси во училниците каде и се очекува да ги остваруваат. Школите работат најдобро кога имаат јасна мисија: тоа се места кои ќе им помогнат на учениците да го усовршат комплексниот академски материјал (а не места посветени на лично усовршување во спортови, додава таа зајадливо). Кога наставниците бараат упорна работа, ученциите често се издигнуваат над очекувањата, а следењето на учениците на различни когнитивни нивоа е стремеж да „се намали учењето и да се засили неднаквоста“ Ниските очекувања често лошо се наградуваат.

Во Хелсинки, Рипли посетила училиште во посиромашнен дел од градот, каде училниците се преполни со бегалци и емигранти. „Не сакам толку да мислам за нивното потекло“, вели наставник кој е загрижен дозволувањето и сочувството да не ја засенат неговата проценка за работата на неговите ученици. „Вашиот мозок е она што се оценува“, вели тој. Таа се водушевена колку е освежувачка оваа теза, кога ќе се спореди со онаа на наставниците во Америка, каде академскиот медиокритет често е заснован на потеклото или маалата од каде доаѓаат децата. И таа ламентира на „перверзниот вид на сожалување“ кој ги спречува американските наставници да не создаваат лоши ученици, најмалку затоа што ова постапка ги поттикнува овие млади подоцна да паднат на уште полошо ниво.

Но, не е секоја приказна за академскиот успех среќна. Во Јужна Кореја, Рипли открива „култура на образовен мазохизам“, каде учениците учат сето време со надеж дека ќе си обезбедат вредно место на едно од трите престижни универзитети во земјата. Земјата можеби има едни од највисоките оценки за матура на светот, но децата таму изгледаат мизерно. Во таквата ситуација, Јужна Кореја дава добри примери колку брзо земјата може да ја промени својата судбина. Воглавно неписмени во 50-ите, Јужнокорејците сега се пример за „екстремна меритократија“.

Американските училници не минуваат добро во оваа книга. Против овие примери за академски успеси, скапите грешки на државата изгледаат уште поналудничаво. На пример, за разлика од училиштата во Финска, која насочува повеќе ресурси кон оние деца на кои најмногу им е потребно, Америка ги финансира своите училишта преку даноци на имоти, со што овозможува социјално најхендикепираните ученици да бидат спакувани сите заедно во најлошите училишта.

Рипли нуди возбудлива количина на согледувања во оваа мала книга. Таа забележува дека Финска, Полска и Јужна Кореја, сите доживеле моменти на кризи – и економски и егзистенцијални – пред да се сталожат и да ги сменат своите приказни. Таа ја наведува последната ранг листа на Светскиот економски форум за глобална конкурентност, која ја става Америка на седмо место, со што се одбележува пад за земјата трета година по ред. Во меѓувреме Финска, таа мала оддалечена нордиска земја со малку ресурси, стабилно се искачува по оваа скала и сега комотно седи на третото место.