Секојдневна навика што води кон неплодност кај жената

401

Универзитетот на Аделаида од Австралија, со помош на доброволци, кои учествувале во експеримент, дојде до заклучок дека брзата храна го зголемува ризикот од неплодност и тешкотии при забременувањето кај жената.

Според стручните лица, жената ќе зачне многу побрзо, доколку јаде повеќе овошје и зеленчук, а ги остави хамбургерите зад себе.

Истражувањето покажало дека кај жените кои скоро воопшто не јадат овошни и зеленчукови плодови, ризикот од неплодност се зголемува осум до 12 отсто.

Кај оние кои редовно консумираат брза храна, таа бројка достигнува и до 16 отсто.