На плажата нашле куче кое постојано гледало кон морето | Позната приказна вредна за почит 

3578

Ова куче стана икона, мештаните редовно се грижат за него, го хранат и му обезбедуваат здравствена заштита.

Jolie Mejía и нејзиното семејство решиле да го посетат шпанскиот остров Punta Negra, а на една од плажите имале што да видат – осамено куче кое стои покрај морето и постојано гледа кон него.

Кучето не престанува да го чека својот сопственик

Откако Mejía и нејзиното семејство дошле до брегот, им пришло куче кое не изгледало како скитник, но изгледало многу потиштено.

„Не ми изгледаше дека е напуштено. Носеше огрлица околу вратот и крзното му беше чисто. Го галев, чекајќи го неговиот сопственик, но поминуваа минути, а никој не дојде“, изјави Mejía за The Dodo.

Сите сакаа да си играат со кучето, но цело време неговиот поглед остана вперен во океанот.

Mejía набрзо ја дозна трогателната причина зошто кучето постојано гледа кон отвореното море. Mejía и нејзиното семејство размислувале да го вдомат кучето, под претпоставка дека навистина е напуштено. Меѓутоа, кога еден човек од околината се приближил, Mejíaго прашала дали знае што се случило со кучето.

„Тој објаснил дека практично сите во областа го знаат кучето и дека многу го сакаат“, рече Mejía. „Ни кажа дека сопственикот на кучето бил рибар кој починал пред некое време и дека кучето доаѓа на плажата секој ден и гледа во морето“, раскажала таа и додаде дека кучето со денови го чека неговиот пријател да се врати дома.

„Бевме многу трогнати“, рече Mejía, која верува дека сопственикот на кучето починал на море пред околу една година и дека оттогаш кучето доаѓа на плажата секој ден.

Но, иако сопственикот на кучето можеби никогаш нема да се врати, кучето не е без пријатели кои се грижат за него. Тажната приказна за кучето очигледно им е добро позната на луѓето од заедницата, кои го хранат, засолнуваат и му пружаат здравствена заштита по потреба.

Локален ветеринар во Punta Negra потврдил за The Dodo дека кучето се вика Vaguito и дека моментално го чува жена која живее во близина. До крајот на денот, Mejía и нејзиното семејство конечно се разделиле со Vaguito, а неговите очи сè уште биле вперени во морето. Но, неговата горчливо-слатка приказна, приказната за лојалноста и љубовта што ја изгубил и лојалноста и љубовта што ги нашол во заедницата, никогаш нема да биде заборавена.