Човештвото се чини дека сè уште не е на патот кон стабилен свет. И може да биде полошо ако не смениме нешто итно.
Новиот поглед на влијателен извештај од 70-тите години од минатиот век откри дека неговите предвидувања за глобален колапс во овој век изгледаат загрижувачки точни, пишува IFL Science.
Во 1972 година, тим научници од MIT користеле компјутерски модел за да погледнат во иднината на човештвото откако добиле наредба од Римскиот клуб, меѓународна група на водечки академици, научници, деловни лидери и политичари.
Во извештајот „Ограничувања за растот“ се користел модел на систематика и динамика, познат како World3, за да се разгледаат сложените интеракции помеѓу човечката популација, индустриското производство, загадувањето, производството на храна и природните ресурси на Земјата.
In 1972, MIT Scientists Predicted A "Global Collapse" This Century – New Data May Prove Them Correcthttps://t.co/puf3Bf2yFk pic.twitter.com/duySeIxN3s
— IFLScience (@IFLScience) July 20, 2021
Колапс поради недостаток на храна и нарушена благосостојба на човекот
Откриено е дека сценариото за „стабилизиран свет“ – во кој се избегнува глобален колапс, а животниот стандард останува стабилен – е можно, но потребни се драматични промени во приоритетите и општествените вредности. Доколку неограничениот економски раст продолжи без обѕир на околината, тоа може да создаде глобално уништување како резултат на недостиг на храна и нарушена човечка благосостојба.
На крајот на краиштата, World3 покажа дека сценариото „работење како и обично“ најверојатно ќе доведе до колапс на глобалното општество во 21 век. Пропаѓањето во овој контекст не значи дека човештвото ќе биде фрлено во истребување како диносаурусите. Наместо тоа, се однесува на целосната стагнација на индустрискиот раст и значителниот пад на благосостојбата на луѓето.
Работата привлече бројни критики и полемики, но вториот поглед на податоците сугерира дека предвидувањата на моделот, досега, изненадувачки биле на вистинскиот пат.
Society on track for Global collapse beginning in 2040https://t.co/L5Ms3Rk7I5
— Love Our Mother Ⓥ (@LoveOurMother1) July 20, 2021
Сè уште не сме на патот кон стабилен свет
Како што е објавено во “Journal of Industrial Ecology” во ноември 2020 година, Gaya Herrington, извршен директор на сметководствената фирма KPMG, разгледала како емпириските податоци во изминатите децении се совпаѓаат со предвидувањата на извештајот.
Користејќи ги новите податоци, таа уочила четири различни можни сценарија: две различни сценарија на „работење како и обично“, „стабилизиран свет“ и „сеопфатна технологија“ во кои човештвото може иновативно да извлече технолошки развој од околните ограничувања.
Двата „уобичаени деловни сценарија“ предизвикаа глобален колапс во 21 век, едниот со осиромашување на природните ресурси, а другиот со загадување, климатски промени и / или уништување на животната средина. Сеопфатната технологија успеала да избегне целосен колапс во рок од еден век, иако на крајот падот на човековата благосостојба бил предизвикан од зголемената цена на технологијата.
Стабилизираното светско сценарио, во кое светот драматично ги променил социјалните вредности и приоритети, покажа дека човечката популација се стабилизирала до крајот на 21-от век и одржува стандард на живеење.
Пред сè, работата на Herrington потврдува дека 50-годишните предвидувања биле изненадувачки точни и се чини дека човештвото сè уште не е на патот кон стабилен свет. Ако има трошка надеж, трудот сугерира дека стабилизираниот свет и оптимистичката иднина сè уште се во наши раце. Сепак, ќе бидат потребни радикални промени за да се постигне ова.



















