Може ли да има врска меѓу аутизмот и загадувањето на воздухот

1186

Научниците претпоставуваат дека има врска меѓу аутизмот и изложувањето на загаден воздух за време на бременоста, објави ББС.

Според тимот од Харвардскиот институт за јавно здравје високите нивоа на загаден воздух, вдишуван од мајката додека е бремена,го удвојува ризикот од развивање на аутизам кај детето. Причина за тоа се минијатурните честички прав, јаглероден диоксид и други хемикалии кои се префрлаат од белите дробови во крвта.

Експертите потсетуваат дека главната компонента на аутизмот е наследна, но се повеќе докази укажуваат и врска со загадувањето на воздухот, што треба да служи како предупредување кон идните мајки.