Астронаутите на SpaceX и NASA пристигнаа на вселенската станица | Видео

1430

Ова е првпат Американци во вселената да ги носат комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании и со нив да управуваат.

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен од мисијата на Спејсикс и НАС пристигнаа на вселенската станица.

Нивната Драгон капсула која ја изработи и со која управуваше приватната компанија Спејсикс на Елон Маск пристигна на Меѓународната вселенска станица.

Астронаутите ќе мора да причекаат да завршат проверките на истекување и притисок пред да можат да излезат и да ѝ се приклучат на американската и руската посада на Меѓународната вселенска станица. Патувањето траеше 19 часа.

Ова е историски успех на компанијата на Маск која вчера од Флорида лансираше двајца астронаути во вселената, што е прво полетување на Американци од американско тло во последните девет години. Ова е првпат Американци во вселената да ги носат комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании и со нив да управуваат.

Ракетата Фалкон 9 полета во 15 часот и 22 минути по локално време (21 час и 22 минути по македонско време). По лансирањето, ракетата Фалкон 9 без проблеми се спушти назад на Земјата, а капсулата Кру Драгон со двајцата астронаути Роберт Бенкен и Даглас Харли тргнаа кон Меѓународната вселенска станица.