Деца мои!
Денеска на посебен начин ве повикувам, земете го крстот во своите раце и погледнете ги раните Исусови.
Барајте од Исус да ги излечи вашите рани, со кои се здобивте во текот на вашиот живот поради вашите гревови или поради гревовите на вашите родители.
Само на тој начин, драги деца мои, ке сфатите дека на овој свет му треба оздравување преку верата во Единиот Бог Творец.
Ве повикувам, да се отворите пред Бога и да станете активни.
Во овие тешки времиња да погледнете кому е потребна вашата духовна или материјална помош.
Со личен пример, деца мои, преку тебе Бог ке ги подаде своите раце, тоа му е потребно на човештвото.
Само така ке сфатите дека сте повикани да сведочите за Божјата љубов.
Јас ве благословувам и ви повторувам, дека сум со вас деца мои за да ви помогнам.