Кога Господ давал – давал и мислел на сѐ | ГЛУВАРЧЕ – ЛЕК ЗА СИТЕ ОПАКИ БОЛЕСТИ 

289

Познат ви е оној жолт цвет кој се појавува на секоја ливада, во секој двор и на секоја зелена површина?

Многумина го корнат и не го сакаат, иако со својот изглед веќе докажал колку е совршен и убав. Честопати го газиме безмилосно не знаејќи дека токму овој мал жолт цвет може да излечи многу човечки болести, кој од некопја причина е речиси најзастапен цвет на планетата. Се вика ГЛУВАРЧЕ.

Некои велат дека е плевел, но некои велат глуварчето е лек. Тоа мало глуварче е уште еден доказ дека

Бог мислел на сѐ кога го создавал нашиот свет, но кој гледа, гледа, а кој не…
Здравствените придобивки – го намалува ризикот од заболување на црниот дроб, дијабетесот, нарушувањето на уринарниот тракт, акните, жолтицата, анемијата и ракот. Овој т.н. плевел помага за здравјето на коските, ја храни кожата, а добар едури и за намалување на тежината.

Коски

Глуварчето е богато со калциум, кој е од суштинско значење за развојот и силата на коските. Покрај тоа, содржи антиоксиданси како што се витаминот Ц и лутеолинот, кои ги штитат коските од оштетувања и кршливост, кои се јавуваат со возраста.

Црн дроб

Додека антиосидансите, витаминот Ц и лутеолинот, ја одржуваат функцијата на црниот дроб и го штитат од стареење, другите соединенија во глуварчето можат да помогнат во лекување на крварењето.

Дијабетес

Сокот од глуварчето може да им помогне на луѓето со дијабетес, бидејќи го стимулира производството на инсулин од панкреасот, а при тоа го задржува ниското ниво на шеќер во крвта. Бидејќи глуварчето е природен диуретик, го поттикнува мокрењето кај дијабетичарите, што им помага во отстранување на вишокот шеќер од телото.

Дијабетичарите се исто така склони кон бубрежни проблеми, па неговите својства на диуретик можат да помогнат во отстранување на наталожената гликоза во бубрезите преку зголемено мокрење.

Кожа

Таканареченото млеко од глуварчето е корисно во лекување на кожни болести, кои се предизвикани од микробни и габични инфекции. Треба да се избегнува било каков контакт со очите. Млекото може да се користи против јадежи, лишаи, егземи и други кожни заболувања, без несакани ефекти или ризици на хормонални нарушувања.

Продолжува на страна 2