Кога Господ давал – давал и мислел на сѐ | ГЛУВАРЧЕ – ЛЕК ЗА СИТЕ ОПАКИ БОЛЕСТИ 

3522

Запек 

Некои состојки на глуварчето, а тоа се високите вредности на диеталните влакна, го прават корисен за варењето на храната и здравјето на цревата. Диететските влакна стимулираат здрава столица. Ја регулираат работата на цревата што може да спречи сериозни гастроинтестинални проблеми.

Анемија

Глуварчето има релативно добра вредност на железо, витамини и протеини. Додека железото е компонента на хемоглобинот во крвта, витамините, како што е витаминот Б, и протеините, се потребни за формирање црвени крвни зрнца и некои други состојки на крвта. Така глуварчето може да им помогне на луѓето кои имаат проблемии со анемијата, и на тој начин нивната состојба ја држи под контрола.

Висок крвен притисок

Мокрењето е ефикасен начин за намалување на крвниот притисок. Повеќето модерни лекови за намалување на крвниот притисок се темелат токму на овој феномен. Сокот од глуварчето го стимулира мокрењето, како количински, така и во зачестеноста. Влакната од глуварчето се корисни за намалување на холестеролот, што е еден од факторите кои го зголемуваат крвниот притисок.

Дали знаете дека во оваа навидум безвредно жолто цветче има толку многу лекови за здравјето на луѓето?

Глуварчето може да се јаде сурово, од него можете да направите сок. Можете да го јадете во салата или да направите креми од неговиот природен сок.

Глуварчето не е безвредна плевел, тоа е Божји лек подарен за човекот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.