Овој месец во Лондон, се одржа второто издание на меѓународниот конгрес посветен на врските меѓу луѓето и роботите. Секс, љубов и технолошки пронајдоци – тоа е љубовната тројка на новото време.
Да, влегуваме во нова ера на љубовните односи меѓу луѓето … или, можеби, треба да додадеме и на машините! Реалност, која нè потсетува за кинематографски дела како Ex Machina, HER, Real humans кои сме ги гледале со интерес, прашувајќи се дали тоа е можно.
Одговорот е: Да! Во последните неколку децении, љубовните врски и интимните односи се подложени на огромни искушенија. Линкови од далечина, разделени семејства на четирите страни на светот и не само – ова се само дел од сценаријата кои се развиваат денес во љубовта. Но според научниците, вклучувајќи Проф. Дејвид Леви, кој учествува на овогодинешниот конгрес, ништо не е загубено. Тие сметаат дека роботот е “идеалниот” интимен партнер за секој еден човек – маж или жена.
“Сексуалните врски со машина ќе бидат можни од другата година”, вели тој. Вистина е. Во моментов, фирма специјализирана во високата технологија, развива т.н.. “Love dolls” (љубовни играчки), кои ќе излезат на виделина во 2017 година. Abyss Creation е низвното име и презиме и според зборовите на Леви – “тие ќе бидат љубовни, нежни и мили.” Машините нема да доживуваат завист, гнев, суровост и / или ароганција. А вие? Дали би легнале со робот?
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.