Модерните жени и понатаму ја чистат куќата. Зошто?

2048

Еманципацијата на жените далеку дотуркала, барем во развиените земји, но чистењето на куќата сѐ уште се смета за женска работа.

Не толку одамна, како убаво нѝ покажува популарната серија Mad Men, жените трчале да се вратат дома после работа, за да го подготват ручекот за сопрузите или по цели денови поминувале чистејќи ја куќата по него и децата.

Во меѓувреме, жените се еманципирале, почнаа да добиваат подобри работни места и да заработуваат повеќе, но овој остаток од минатото сѐ уште е тука – чистењето на куќата се смета за женска работа, без разлика колку успешна таа била.

Истражувањата покажале дека жените сѐ уште извршуваат повеќе од две третини од работата во домаќинството, дури и кога заработуваат повеќе од своите партнери.

Многу социолози се обидоа да одговорат зошто оваа нерамноправна поделба на работата и понатаму се одржува, но сега за сега немаат ништо да понудат, освен фактот дека огромното мнозинство на жените, тоа го смета за нормално.

Сѐ на сѐ, ни се чини, дека следната револуција меѓу половите би можела да се постигне токму во сегментот на домашните задолженија, чија поделба не се променила многу уште од античките времиња.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.