Мали шанси за преживување | Детето се капело во езеро и добило смртоносна инфекција

1565

Наведената состојба на детето е „исклучително ретка“ и факт е дека во Калифорнија се пријавени само 10 такви случаи од 1971 година.

Дете во Северна Калифорнија разви ретка и смртоносна инфекција на мозокот откако пливало во слатководно езеро, објавиле здравствените власти, пренесува Live Science.

На детето му е дијагностициран примарен амебичен менингоенцефалитис (PAM), катастрофална инфекција на мозокот предизвикана од инфекција на амебата Naegleria fowleri пронајдена во топли, слатководни води, како што се езера, реки и други топли извори (нпр. во води со лошо одржувани базени за капење со малку хлор, топли отпадни води од фабриките и во почвата) обично во летните месеци.

Се сомнева дека ова дете под 10 -годишна возраст најверојатно било заразено со пливање во слатководно езеро во округот Техама, се вели во соопштението објавено на 4 август во Агенцијата за здравствени услуги на округот Техама, во кое не се прецизира езерото во кое детето е искапено.

Дека оваа состојба на детето е „исклучително ретка“, говори и фактот дека во Калифорнија се пријавени само 10 такви случаи од 1971 година.

Како се јавува инфекцијата?

Инфекцијата Naegleria fowleri се јавува кога луѓето вдишуваат вода загадена со амеба. Оттаму, може да влезе во мозокот и да го уништи мозочното ткиво.

Инфекциите се речиси универзално фатални, со стапка на преживување помала од 3%. Иако не е познато зошто некои луѓе може да ја преживеат оваа состојба, факторите што можат да придонесат за преживување вклучуваат рано откривање на инфекцијата и третман со експериментален лек милтефозин, заедно со други агресивни третмани за намалување на отокот на мозокот.

Исто така, интересно е да се напомене дека за разлика од вдишување на вода контаминирана со оваа смртоносна амеба, голтањето таква вода нема да предизвика инфекција.

Единствениот начин да се спречи инфекцијата Naegleria fowleri е да се избегне капење во слатководни води, се вели во соопштението. Ако луѓето навистина пливаат во слатка вода, тие можат да го намалат ризикот ако не ја натопат главата под вода или ако користат штипки за нос за да спречат водата да им тече низ носот.

Здравствените власти немаат дадено дополнителни детали за состојбата на детето.