Мачките сакаат да ги “убијат“ своите сопственици

749

Истражувањето на научниците од Универзитетот Единбург открило дека мачките, и покрај тоа што изгледаат слатко и безопасно, веројатно сакаат да ги нападнат своите сопственици поради убиствениот предаторски инстинкт.

Научниците направиле споредба во однесувањето кај домашните мачки, дивите мачки и големи мачки како лавовите.

Со споредувањето на снежниот леопард, шкотските диви мачки и африканскиот лав, научниците откриле дека големите предатори имаат слични карактеристики по прашање на агресивноста и невротичното однесување како домашните мачки.

Кога домашните мачки би биле поголеми голема е веројатноста дека би ги убиле своите сопственици. Научниците ја оцениле личноста на мачката според пет големи човечки особини како отвореност кон нови искуства, интровертност и екстровертност, согласување, невротичност и совесноста.

Во соработка со Зоолошката градина „Бронкс“ научниците исто така го проценувале карактерот на мачките врз основа на нивната заиграност. Психологот Макс Вотчел наведува дека сопствениците на маЧките мора да имаат на ум дека во својот дом имаат мал предатор, пишува „Мирор“.

– Добро е да се сфати карактерот на нашите домашни миленичиња. Различните мачки имаат различни карактеристики. Што се однесува до нивниот вид, според него тие имаат многу сличности. Тие можеби се мили, но мораме да имаме на ум дека кога имаме мачки, во нашата куќа имаме мал предатор – навел Вотчел.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.