Лошите страни на хороскопските знаци

1417

ЈАРЕЦ

1) Работата им е секогаш пред партнерот.
2) Сакаат сè да биде под нивна контрола.
3) Честопати не можат да се опуштат и да бидат спонтани, што може да ја направи вашата врска здодевна.
4) Анализира и ја памти секоја ваша грешка и не ви заборава ништо.
5) Не можете да влијаете на нивниот став – останува само да се прилагодите.

ВОДОЛИЈА

1) Водолиите живеат во фантазијата, па затоа тие често дејствуваат дистанцирани и далечни.
2) Сакаат да „држат предавања“ затоа што секогаш знаат најдобро.
3) Ќе запознаете многу негови пријатели кои ќе бидат често околу него, па ќе се чувствувате како да не сте доволни за него.
4) Иако тврдат дека се либерални, со своите крути принципи ги осудуваат сите што не се како нив.
5) Секогаш знаат што мислат, а ретко што навистина чувствуваат.

РИБИ

1) Честопати треба да им повторите иста работа неколку пати.
2) Тешко е да ги поттикнете да започнат нешто и истото да го завршат во одредено време.
3) Често ќе се чини дека не се вклопувате во нивните животи, бидејќи тие постојано ќе прават нови планови за иднината.
4) Се жртвуваат себеси за доброто на другите, така што вие постојано имате чувство дека треба да се грижите за нив.
5) Ги идеализираат сите нивни односи со луѓето и имаат илјада очекувања од вас.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.