Летна салата со лубеница, домати и рукола

52

Потребно

  • 200 гр лубеница
  • 250 г сирење
  • 200 г рукола
  • ½ чаша маслиново масло
  • 100 г домати
  • 1 лажица балсамик оцет
  • 1 кромид
  • 5-6 ливчиња нане
  • 1 грст маслинки
  • 1 краставица
  • сокот од ½ лимон

Подготовка

Измешајте го маслиновото масло, сокот од лимон и оцетот, за да приготвите дресинг. Исечете го на ситно кромидот. Лубеницата се сече на големи коцки откако претходно сте ја исчистиле од семки. Сирењето исто така се сече на коцки или се додава.

Измијте ја руколата, исцедете ја и ставете на дното на садот за салата . Наредете на неа парчиња лубеница. Исечете домати на половинки, а краставиците на тркалца и распрснете ги во садот.

Посипете со сирењето.

Полејте обилно со преливот и промешајте. Декорирајте со ливчиња нане и маслинки по желба.