Кои пози водат до фрактура на машката гордост?

194

Три пози се најопасни за мажите за време на секс, открија бразилски научници по анализа на поплаките кај лекарите.

Резултатите од истражувањето биле објавени во списанието Advances in Urology. И така најопасната за мажи поза е “жената јавачка”. Токму оваа поза предизвикала половина од фрактурите на органот. Една третина од случаите се должат на “кучешката” поза и само 21% на “мисионерската поза”.

Интересно е дека ризикот од повреда се добива кога мажот целосно ги контролира движењата и однесувањето на партнерката.

Овие заклучоци, сепак не значат дека мажите треба задолжително да се вратат кон здодевниот секс. Кршење на органот е премногу ретка траума, научниците утврдиле дека само 44 мажи ја добиле.

Таа се добива кога со половиот орган се применува многу груба физичка сила. Симптомитесе остра болка, прскање, нагла антиерекција, голем хематом, отоци, искривување на пенисот, неконтролирано исфрлање на урина.

Фрактурата на половиот член бара итна медицинска помош, која често се поврзува со хируршка интервенција. Секое одложување на третманот ги засилува компликациите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.