Кога маж сака да биде жена

156

На мажот му се смачило да оди на работа секој ден додека неговата сопруга постојано останувала дома.

Тој сакал таа да види низ што сѐ тој минува, па се помоли:

“Мил мој Господе: Јас секојдневно одам на работа и работам таму 8 часа додека жена ми останува дома. Сакам таа да знае низ што минувам, па затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да биде заменето со моето на еден ден. Амин.”

Бог, во својата бескрајна мудрост, му ја одобри таа желба на човекот.

Следното утро, се разбира, човекот се разбудил како жена.

Станал, подготвил доручек за својата сопруга, ги разбудил децата, им ја подготвил облека за училиште, го поставил појадокот, ја спакувал ужинката, ги одвел на училиште, се вратил дома и ги собрал алиштата кои биле за хемиско чистење, ја однел на хемиско, наминал во банката да повлече пари, завршил со купување, потоа отишол до куќата да ги остави намирниците, да ги подмири сметките и да ја среди чековната книшка.

Ставил нов песок во кутијата за мачката и го избањал кучето. Тогаш веќе било тринаесет часот, и побрза да ги намести креветите во спалните соби, да ги измие алиштата, да помине со правосмукалката, да ја собере прашината и да го измие подот во кујната; брзо заминал по децата во училиште и почнал да се расправа со нив на пат кон дома. Им подготвил млеко и колачиња и им помогнал околу домашните задачи.

Потоа ја подготвил даската за пеглање, па гледал телевизија додека пеглал.

Во 16.30 часот тој почнал да лупи компири и да мие зеленчук за салата, ги валкал свинските шницли во лебни трошки и го лупел грашокот за вечера. По вечерата, ја исчистил кујната, ја вклучил машината за миење садови, ги здиплил пегланите алишта, ги избањал децата и ги ставил на спиење.

Во девет навечер бил исцрпен, а сооглед на тоа дека домашните работи сѐ уште не биле завршени, легнал во кревет, бидејќи од него се очекувало да води љубов со жена му, што некако и успеал да ја заврши работата без жалби.

Следното утро, веднаш штом се разбудил, клекнал покрај креветот и рекол:

“Господе, не знам што мислев. Многу згрешив кога ѝ завидував на жена која секој ден останува дома додека сум на работа. Те молам, кога Те молам, дозволи ми да се вратам во своето тело.”

Господ му одговорил на неговата голема мудрост:

“Сине мој, мислам дека си ја научил својата лекција и ќе бидам среќен сѐ да вратам како што било. Само, ќе мора да почекаш девет месеци. Минатата ноќ забремени.”