Зошто да бидеме поразлични од нив? Еве како едно кралско семејство ги воспитува децата

282

Според тоа како растат најпознатиот принц и принцеза на светот, Шарлот и Џорџ, ќе видите дека работите не се такви како што приказните ги раскажуваат – дека децата родени во кралските семејства спијат на свила и дека се забавуваат во текот на целиот ден.

12 основни правила кои брзо ќе навлезат во вашиот дом

1. Титулата не е причина да се води бадијалџиски живот

Во семејството на војводата и војвотката од Кембриџ, само една дадилка им помага со децата. Сите обврски поврзани со јадење, бањање и прошетки со децата ги вршат родителите. Покрај тоа, Вилијам работи како пилот на хеликоптер во вонредна медицински случаеви и децата се свесни за тоа.

2. Почитување на работата на другите луѓе

Правнуците на кралицата Елизабета уште на рана возраст научиле дека треба да ја ценат секоја работа, без разлика дали е во прашање нивната мајка која подготвува ручек или слугинката која ја чисти куќата. Затоа Џорџ и Шарлот не избираат храна и мора да ги соберат своите расфрлани алишта.

3. Семејството е најважниот приоритет во животот

Веќе сега, четиригодишниот Џорџ се грижи за својата сестра, а војвотката вели дека тие стануваат најдобри пријатели. Иако се мали, тие веќе ја знаат историјата на своето семејство и често го посетуваат гробот на нивната баба, принцезата Дајана. Кејт и Вилијам се обидуваат да поминуваат колку што е можно повеќе време со своите деца. Џорџ, на пример, ужива во разговор со татко му, додека Шарлот сака да готви со мама. За време на вечерата, децата седат заедно со возрасните, и покрај традицијата од минатото.

Продолжува на страна 2