Полските нуркачи се на работ на неверојатно откритие! Со помош на најсовремена опрема и големи напори, тие успеале да го лоцираат остатокот од нацистичкиот крстосувач „Карлсрухе“ на дното на Балтичко Море, во близина на приморскиот град Устка.

„Товарот на бродот е практично недопрен. Најдовме воени возила, порцелан и бројни сандаци со непозната содржина“, рече Томас Стахура, еден од учесниците во експедицијата.

Веќеспоменатите сандаци предизвикуваат возбуда, бидејќи се верува дека тие содржат делови од расклопената Килибарна соба, на која по 1943 и се губи секаква трага!

Во 1701 г., германски и руски архитекти започнале да ја градат легендарната просторија, исполнета со килибар (килибар, фосилна смола) и накит, со цел да му ја претстават на прускиот крал.

Завршена е 16 години подоцна и дадена на е на Питер Велики како подарок, со цел да се зацврсти сојузот меѓу Русија и Прусија против Шведска. Царицата Кетерина нареди просторијата дополнително да се украси и да се премести во Санкт Петербург.

Во нејзината палата, Царицата организирала приватни собири, покажувајќи ја светата убавина на Килибарната соба. Се вели дека уживала да медитира во прекрасниот простор.
Проценките за вредноста на килибарната соба значително се разликуваат, се движат од 140 до 500 милиони долари! Затоа не е изненадувачки што во тоа време била прогласено за „осмо светско чудо“.
Во времето на најголемите конфликти, кога нацистите влегле во Царское село, официјални лица се обидувале да ја расклопат килибарската соба и да ги сокријат скапоцените камења, но без успех. Армијата упаднала во палатата, а комплетната просторија била демонтирана за 30 часа и спакувана во 27 кутии.
Товарот бил пренесен во Кенигсберг (денешен Калининград) и наскоро се изгубила секаква трага од него.

Со години, истражувачите верувале дека вредениот товар сè уште е некаде во Калининград, скриен и заборавен. И тука приказната нè враќа на фантастичното откритие на полските нуркачи.
Не се знае многу за судбината на германскиот лесен крстосувач „Карлсрухе“. Пред Втората светска војна биле изградени три брода, а два биле потонати во судири.
Остатокот од бродот пронајден во близина на градот Устка набрзина испловил на своето последно патување кон крајот од војната, од тогашниот Кенигсберг, носејќи војска, цивили и вреден товар. Најверојатно бил торпедиран и завршил на длабочина од 88 метри!

„Сите достапни информации ја скокоткаат нашата имагинација. Откривањето на потонатиот крузер и неговиот товар додаваат уште повеќе на целата приказна“, изјави Томаж Звара, еден од нуркачите на групацијата Балтиктех.
Останува да ги следиме напорите на полските истражувачи и да откриеме дали Килибарната соба е навистина на дното на Балтичко Море, желна повторно да блесне со неверојатен сјај.



















