Фаза 4 – Импресионирање
Фаза, која не е многу блиску до вљубување. Сето кон кое се стреми човекот е желбата да постигне интимен контакт. Разменување на подароци, мали гестови, романтични вечери. Сè за да се угоди на дамата, да се остави добар впечаток, но сè уште далеку од љубов.
Фаза 5 – Убедување
Во оваа фаза мажите се прашуваат дали во воздухот има нешто повеќе. Почнуваат да чувствуваат несигурност во однос на тоа што чувствува жената до нив. Би сакале да продолжат средбите, пријатните моменти, но треба да се убедат дека жената исто чувствува нешто повеќе од пријателство и секс.
Важна фаза во кој претставниците на посилниот пол почнуваат да вложуваат повеќе напори да продолжат да се среќаваат со предметната дама и таа да почувствува нешто повеќе за нив.
Фаза 6 – Потврдување
Фаза, во која веќе е сигурно дека жената е вљубена во мажот. Себичната машка природа се буди. Тој почнува да прави проценка на нивните односи.
Ги вага добрите и лошите страни и си го поставува прашањето дали навистина сака да ја продолжи врската со оваа жена, која веќе е маѓепсана од него. Тоа ли е партнерката, што му е потребна во овој момент?
Фаза 7 – Тој е подготвен да сака
Ако мажот е убеден дека тој навистина ја сака жената и сака да биде со неа, тој влегува во последната етапа од вљубеност. Подготвен е да сака, да ги продлабочи односите.
Колку време е потребно на еден маж да се вљуби вистински? Недела, месец, година? Во љубовта нема рокови, сè може да се случи побрзо или побавно и не постои гаранција за тоа колку долги и силни ќе бидат односите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















