Еден натпис „со рунично писмо“ од ерата на Викинзите, врежан во камен и познат меѓу експертите, може да биде запис за страв од климатска катастрофа во Скандинавија од 9 век, покажа новото истражување на тим шведски универзитетски експерти.
Се верува дека најдолгиот познат „рунски натпис“ во светот е врежан на карпа наречена „Карпа“, близу езерото Вотерн, во централна Шведска. Се состои од повеќе од 700 „руни“ – букви од старогерманската азбука.
Истражувачите долго време веруваа дека карпата од пет тони, висока 2,5 метри, е споменик за мртв син, со натпис за херојските приказни на кралевите на Викинзите и битките во кои тие се бореа.
Но, четворица шведски научници кои се здружија за да го толкуваат написот, напишаа во трудот објавен оваа недела дека неколку делови од текстот споменуваат природна опасност, а не воена битка.
Веруваме дека станува збор за космичка рамнотежа, рече Пер Холмберг, професор на Универзитетот во Гетеборг, кој го водеше истражувањето.
Можеби досега се фокусиравме премногу на важноста на воената сила во тој текст, но да, верската моќ е поважна во тој напис – да се задржи космосот заедно, додаде Холмберг.
Натписот на карпата за „смртта на сонцето пред девет генерации“ може да се однесува на екстремното ладење на климата во 535-536 година, што предизвика отсуство на земјоделски култури и глад низ целиот свет.
Моќната елита на времето на Викинзите се гледаше себеси како гаранти за добра жетва, рече Олоф Сундквист, професор по историја на религијата на Универзитетот во Стокхолм. Тие беа водачи на култ за кој се веруваше дека одржува кревка рамнотежа на светлината и темнината, објасни тој.
„Норската“ – северногерманската митологија го опишува „Fimbulwinter“ – брутална зима која претходеше на „крајот на светот“. Во 9 век постоеше причина Викинзите да стравуваат дека ќе дојде таква зима и ќе го збрише целиот живот на Земјата, изјави Бо Граслунд, професор по археологија на Универзитетот во Упсала.
Пред да се подигне карпата, имаше многу настани кои веројатно дека изгледаа крајно застрашувачки: силна соларна бура го обои небото во драматични нијанси на црвена боја, приносите на земјоделските култури беа ниски поради екстремно студеното лето, а подоцна се случи затемнување на Сонцето едно утро веднаш по зората, рече Граслунд.
Дури и само еден од овие настани би бил доволен за да се создаде страв кај Викинзите од повторен „Fimbulwinter“, рече тој.