Банани ќе растат и на Исланд

251

Со оглед на тоа што на Исланд зимата трае 9 месеци, жителите на таа островска земја имаат ограничени можности за земјоделие.

Архитектот Хјордис Сигурдардотира започнал потфат во состав на кој ги гради првите биокуполи на светот, од кои најголемата ќе биде со големина на фудбалско игралиште и ќе се протега на шест ката над, како и под земјата.

Проектот е инспириран од изгледот на седиштето на „Амазон“ во Сиетл и сингапурските градини, а иако во целост не е собран потребниот износ за тој да се изгради, има многу моќни инвеститори меѓу кои и најголемата исландска банка „Арион“.

Проектот „Алдин“ ќе биде сместен во паркот „Рејкјавик“ на површина од 4.500 квадрати и ќе вработува 60 луѓе. Стаклените куполи ќе се користат за одгледување банани и друго тропско овошје.

Отворањето на куполата е предвидено за една години.