Газираните сокови содржат огромни количини шеќер, а и кога не би го содржеле, повторно би биле подеднакво штетни.
Многумина се залажуваат по „лајт“ и „зеро“ верзиите на газираните сокови. Точно, тие не содржат шеќер, но наместо тоа, се употребуваат евтини засладувачи, кои воопшто не се здрава алтернатива.
Еден од најчестите засладувачи е аспартам, за кој се покажало дека предизвикува главоболки, несоница, алергии, па дури и хормонска нерамнотежа.
Според некои истражувања, дури и едно шише неделно од ваков пијалак е доволна за да предизвика зголемен ризик од мозочен удар, додека ризикот од срцев удар се зголемува за 50%.
Секако, најдобро е ваквите сокови воопшто да не ги консумирате, но доколку сепак ги сакате, изберете ја стандардната верзија.