Станбените згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на станови избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци, пренесуваат кинеските медиуми.
Блокот е изграден во 2018 година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.
Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана ставени на продажба истата година, нашле свои сопственици за многу брзо време.
Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле во зградите.
Станарите сметаат дека становите не се населенеи, поради што и вегетацијата на терасите и фасадите се чини запуштена, поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.



















