Како да го спречите прејадувањето после тренинг

1241

Јадете повеќе протеини

Честата причина да сте гладни може да е во тоа што не консумирате доволно протеини. Осигурајте се дека јадете протеини на секој свој оброк.

Протеинските шејкови понекогаш се подобра опција

Ако брзате многу по тренингот и немате време да си приготвите диететска храна, можете да си смешате протеински шејк со малку вода или млеко. Најдете го својот додаток во исхраната кој нема да содржи вештачки / синтетички состојки.

Трудете се да се храните балансирано

Чувството на силен глад може да го поттикне човек кон прејадување. Затоа стремете се секој ваше оброк во денот да е балансиран и да ги содржи потребните количества протеини, јаглехидрати и масти.

Тренирањето никогаш не е оправдување за прејадување

Дури и да сте согореле 1.000 калории во салата, ова не може да е изговор да го јадете потоа она што сакате. Спортот е само половина битка на патот кон совршено тело, а диетата е другата половина.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.