Изнајмите човек кој ќе ги слуша вашите плачки 

51

Таканову Нишимото е Јапонец кој го започнал овој необичен бизнис и не се покајал. Педесетгодишникот води онлајн сервис од 2012 година во своето родно Токио.

Преку овој сервис за само 9 долари можете за еден час некому да му се пожалите, да му се доверите, да кукате, да ги кажувате своите проблеми и потешкотии. За оние кои сакаат, достапно е и советување.

Целта на Нишимото првично била да ги сослушува луѓето на средовечна возраст кои во Јапонија често ги исмејуваат поради пивските стомаци, опаѓањето на косата, нехигиенските навики…

Како што вели, намерата му била да ги растера сите негативни стереотипи. Меѓутоа, неговиот сервис денес го користат сите генерации и изгледа дека сите имаат да се пожалат за нешто.

„Мислев дека најмногу ќе ми се јавуваат мажи, ама сепак тоа се жени од 20 до 50 години“, вели Нишимото.

Сервисот на Нишимото во просек го користат околу 900 луѓе месечно.