Езеро на сртта во кое никој не се бања | Видео

1066

На југот на Калифорнија се наоѓа езерото Salton Sea, познато по тоа што е прекриено со трупови во различна фаза на распаѓање и разградување. Во песокот се гледаат и коски од несреќните риби и птици.

Белите песочни плажи на Плажата на трупови (Carcass Beach) не се бели поради песокот, туку поради иситнетите коски од птиците и рибите кои на плажата ѝ ја даваат таа специфична боја.

Езерото Salton Sea е формирано уште во 1905 година кога кањонот за наводнување од реката Колорадо пукнал при едно невреме. Водата, иако поради небото изгледа дека е сина и како да повикува на капење во неа, всушност е кафена и каллива.

Причината е што езерото нема никаков природен или вештачки одвод/довод, што значи дека водите на Salton содржат пестициди, ѓубриво и сол од околната земја. Резултат е застоена вода која е 30% посолена од Пацификот и во неа не можат да преживеат живи суштества.

До токсичната плажа и уште потоксичното езеро најлесно е да се дојде со автомобил од правец на Сан Диего, а станува збор за двочасовно возење по опасни патчиња преполни со свиоци.

Езерото има многу малку посетители бидејќи се работи за една постапокалиптична средина и околина.