Издржете неколку минути | Лутата пиперка е лек за многу болести!

1841

Споредувајќи ги овие две соединенија со другите капсаициноидите (nordihifrokacpaicin, homodihidrokapsaicin и homokapsaicin) се добива многу чуден резултат, имено capsaicin-от и dihydrocapsaicin-от се двојно потентни во реагирањето со нервите, кога се користи раствор во кој концентрацијата на капсаициноидот е иста како и во пиперките (разреден раствор), меѓутоа, ако користиме високо концентриран раствор на капсаициноид, секој од наведените капсаициноиди е подеднакво моќен.

Капсаицинот најверојатно се синтетизира во интерлокуларните септи на лутите пиперки. Почетните супстанци за синтеза на капсаицинот се две амино киселини, фенилаланин и валин.

Фенилаланин се трансформира во ванилиламин, во фенил пропаноидот, а валин се трансформира во 8-метил-ноненска киселина, која со помош на капсаицинот синтетаза со ванилиламинот гради капсаицин.

Американската асоцијација за истражување на ракот, спровела истражување во кое е докажано дека капсаицинот може да уништи клетки на ракот на простата, индуцирајќи апоптоза (клеточна смрт).

Испитувањата се спроведени врз човечките тумори на простата, кои се одгледувани во глувците. Се покажало дека туморите третирани со капсаицин се намалиле за една петтина, во споредба со оние кои не биле третирани со било каков друг агенс.

Исто така, истражувањата на Универзитетот во Нотингем, покажуваат дека капсаицинот индуцира апоптоза на хуманите (човечки) клетки на рак на белите дробови. Постојат испитувања во Јапонија и Кина, чии резултати укажуваат на тоа дека капсаицинот делува како инхибитор на растот на клетките кои се одговорни за појавата на леукемија. Ние, исто така, можеме да кажеме дека лутата пиперка ги стимулира цревата да се празнат така што им се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со запек.

Да резимираме, ако имате здравствени проблем, секако ви советуваме дека почнете да јадете лути пиперки. Тоа ќе ви помогне во краток временски период да имате подобри резултати.

Постојат уште многу работи за кои можете да користите лута пиперка, но ова се само некои од нив. Осознајте ја вистината, и вистината ќе ве ослободи!

(skandalozno.rs)