Интересни активности кои можат да бидат пријатни за интровертите

1559

Започнете сами одредена атлетска активност

Пронајдете рутина за вежбање којашто ја сакате или пак вклучете се во некој спорт којшто бара малку, или нема да бара воопшто луѓе. Можете да започнете со возење велосипед, пливање, танцување, играње тенис или други активности кои не бараат вклучување на други луѓе. Бидејќи е многу возбудливо и бара повеќе работа, интровертите може да имаат голема корист од оваа активност.

Решавајте загатки

Загатките се совршен начин да го активирате вашиот мозок и да се предизвикате себеси. Изберете сложувалка, решавајте содоку, крстозбори, онлајн загатки или пак, Рубикова коцка.

Започнете со онлајн часови

Изберете тема за којашто сте заинтересирани и поминете одредено време учејќи повеќе околу тоа. Ако го правите тоа со задоволство, не морате да се грижите за оценките – едноставно уживајте проширувајќи го вашето знаење!

Патувајте сами

Ако сакате да патувате, испланирајте одредена авантура каде што ќе заминете сами. Постојат повеќе причини да патувате сами, на пример, вие ќе одлучувате што ќе посетите и каде ќе јадете и целото време е на ваше располагање, што е одлична можност да уживате во туѓите култури.

Научете да плетете

Пробајте да плетете, шиете, везете или ткаете – што ве интересира најмногу!

Играјте игри

Светот на онлајн игрите е бесконечен, па затоа и многу интроверти сакаат да се вклучат во него. Но, дури и да не се пронаоѓате во тоа, можете да се обидете да научите одредени трикови со карти, или пак да играте видео игри коишто не бараат да бидете онлајн.

Грижете се за вашата градина

Градинарството ви овозможува да бидете блиску до вашиот дом и притоа да се посветите на нешто што е убаво, а и корисно, во зависност од тоа што садите.

Гледајте филмови

На интровертите дефинитивно им треба претплата на Нетфликс или слично, затоа што не постои нешто толку добро како седењето и гледањето филм или пак ТВ шоу во удобноста на вашиот дом.

Започнете со активности на отворено

Излезете надвор и поминете одредено време во природа. Пешачете, одете на риболов или пак едноставно прошетајте низ прекрасната околина во близина на вашиот дом.

Медитирајте

Постојат безброј ментални и физички придобивки кога одвојувате време за себе, за да се релаксирате и да се ослободите од стресот.

Волонтирајте во засолништа за животни

Понекогаш животните се подобри од луѓето, особено за интровертите. Направете нешто добро за светот, без притоа да имате преголема интеракција со луѓе – само ос неколку мачки и кучиња.

Научете нов јазик

Покрај училиштето и курсевите по јазици, постојат многу апликации и компјутерски програми коишто може да ви помогнат во ова. Совладајте некој јазик, а потоа отпатувајте во земјата каде што се зборува тој јазик.

Читајте

Можеби најголемото хоби во коешто уживаат интровертите е читањето, секогаш кога тие можат. Тоа ви овозможува да избегате во друг свет, а мирната и тивка позиција за читање, во придружба со добра книга, е нешто непроценливо!

Кафепауза