Дали сте свесни дека сме делче од целината? Или, пак, сметате дека целата среќа ја создаваме со своите раце, а несреќата се врши во согласност со законот на предавството?
Дали им се заблагодаруваме на Вишите Сили за сето она што веќе нѝ е дадено? Или само бараме нешто одново и одново?
Дали знаеме дека им ја довериме судбината на Високите Сили? Дали разбираме дека тие подобро знаат што нѝ даваат и кога? Или, пак, цело време се бориме и бираме за себе нешто друго?
Дали знаеме да се молиме – искрено и од срце? Дали знаеме да го отвориме нашето срце на Високите Сили?
Дали знаеме да се молиме за блиските и да го правиме тоа често? Дали сфаќаме дека наместо да се грижиме за некој, подобро да се помолиме за него? Дали имаме доволно внатрешна решителност и великодушност за таквите молитви?
Дали сфаќаме дека на повеќето луѓе им треба љубов, кога најмалку ја заслужуваат? Дали знаеме да ги сакаме во такви ситуации? Во болест, во сиромаштија, во тагата, во грешките?
Дали им помагаме на луѓето околу нас? Дали можеме да согледаме дека Бог нема други раце освен нашите? Дали се обидуваме да ги поддржиме и да им помогнеме на другите?
Дали се занимаваме со хуманитарна работа – барем во некоја форма? Барем од време на време?
Лично за мене на оваа листа има многу работа. Нема крај. Расте и расте. Зрее и зрее. Да ги отвориме срцата, да научиме да даваме и да примаеме љубов …
Јас не верувам во таква женственост …
Јас не верувам во делумна женственост. Таа може да биде само целосна. Таква, во која не може да се сомнева. Хармонична на сите четири нивоа. Инаку, тоа е само сурогат.
Јас не верувам во женственост на девојка со откриено тело кое вреска секси. Јас не верувам во женственост која одзема туѓ маж од фамилија.
- Јас не верувам во женственост, која на сите нешто им докажува и нешто учи.
- Јас не верувам во женственост, кога намерно кај неа нема продолжување во вид на деца.
- Јас не верувам во женственост, која се убива на работа поради кариера и пари.
- Не верувам во женственост, која го уништува своето семејство со скандали и обвинувања, измама и погрдни зборови.
- Не верувам дека женственост може да биде рамнодушна кон проблемите на другите луѓе, па дури и сурова кон друго лице или суштество.
- Не верувам во женственост на ирационалните и на тесен ум, кои не се обидуваат да научат нешто.
- Не верувам во женственост на оние кои едноставно живеат живот и мерат сѐ со пари и материјални добра.
- Јас не верувам во женственост на оние кои абортираат.
- Јас не верувам во женственост на оние кои го газат сопругот.
- Јас не верувам во женственост, која на сите им ја докажува својата женственост.
- Јас не верувам. Бидејќи вистинската женственост не предизвикува сомневање.
- Без оглед на тоа како да гледаме на женственост и како тоа да се случува – ефектот ќе биде ист. Во неа може да се види само жена. Дури и ако е во лошо расположение или ако плаче. Дури и ако таа прави грешка, или само учи правилно да реагира. Дури и ако само што го почнува својот пат и тој за неа не е лесен.
Развивајќи се истовремено на сите четири нивоа, доаѓаме до целината, хармонијата и зрелоста.
Автор: Ольга Валяева
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















