Хороскопски знаци и неверство

1100

Дефиницијата за неверство се чини дека е прилично еластична и се разликува од човек до човек и од една двојка до друга.

Наивен флерт, бакнеж или секс афера – речиси секој помислил на тоа, но дали го реализирал? Вашиот хороскопски знак може да даде увид во тоа колку сте наклонети кон изневерување.

Овен

Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводнички, реагирате спонтано и нагонски на еротскиот повик за авантура. Прилики за флерт демнат од сите страни. Ако попуштите на искушението и изневерите, грижата на совест ве стигнува дури откако сѐ ќе заврши.

Бик

Иако вие сте тврдина што тешко се освојува, ако некој навистина се „помачи“ околу вас, ќе му успее заведувањето. Шансите растат со упорноста, нежноста и опсипувањето со подароци, но најлесно паѓате на поддршка кога ви е најтешко. Ако го добиете сето ова, а не го добивате од партнерот, имате сериозна афера на повидок.

Близнаци

Лесно е некој да ве заведе, вие постојано го посакувате тоа. И без флерт и авантури вашиот живот е интересен. Дури и кога сте навистина заљубени и сте ветиле дека ќе бидете верни, лесно паѓате на нечиј шарм, но сето тоа е минливо и не гледате во неверството основа за нова врска.

Рак

Иако важите за верни партнери, почнувате да фантазирате за грев и авантура ако партнерот ве запоставува. Пријатна атмосфера, искусен додворувач и неискористената страст во вас се доволни за афера од која секогаш излегувате помоќни. За секој случај, останувате во контакт со „освојувачот“ или „фаталната заводничка“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2