Стрелец
Како што рибата не може без вода, така вие не можете без вашата слобода, а тоа станува поизразено кога сте во врска. Вашиот жесток темперамент и фатална привлечност едноставно ги носи луѓето до вас, вие не мора многу да се трудите. Уживате во флертување и неретко имате по неколку врски „без обврска“ паралелно.
Јарец
Наклонети сте кон фантазирање и авантура, но сѐ останува таму – во вашата фантазија. Сепак, вашите соништа стануваат реалност ако некој успее да ве фасцинира со својот општествен статус и професионални успеси, додека истовремено ви импонира и прави да се чувствувате важно. Ако ви одговара сексуално, останувате со таа личност. Од друга страна, не простувате неверство во ниту една ситуација и од тоа не правите отстапки.
Водолија
Вие најчесто паѓате на првиот впечаток и на физичкиот изглед, особено ако сте маж. Авантурите без обврски ви се примамливи бидејќи сметате дека на тој начин ја задржувате слободата што толку многу ви значи. „Формулата“ за освојување жена Водолија е длабок разговор на заеднички теми и ненападен шарм.
Риби
Вие не можете да живеете без љубов. Вашата топлина, наивност и искреност често оддаваат впечаток дека сте заинтересирани за нешто повеќе од пријатен разговор, но за неверство би се одлучиле само со човек кој е сличен на вас и живее за нежности и љубов.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















