Хороскопски знаци и неверство

1134

Лав

Иако сте многу темпераментни, не застранувате така лесно од патот. За да ве освои некој нов, треба да ви понуди многу повеќе од актуелниот партнер и сериозно да се потруди околу вас. Сакате ласкање и комплименти, но не паѓате на тоа. Сакате да видите „принесена жртва“ за да знаете дека вреди ризикот на аферата. Ако изневерите, често завршувате со новиот партнер.

Девица

Вие сте тврд орев што не се крши така лесно. Вашата вродена смисла за реалност и приземјеност ве спречува да влетате во бесмислена авантура. Но, токму вашата конзервативност и промисленост може да ве доведат до точка на пукање и да влезете во флерт или авантура со првата личност која ќе ве ослободи од вашите инхибиции.

Вага

Сакате долго да ве освојуваат, да е шармираат, да рушат сѐ околу вас, да се чувствувате како центар на универзумот. Ако личноста која ви се додворува покаже дека ќе биде дискретна и дека аферата ќе биде исполнета со страст, романсата е загарантирана. Сакате што е можно подолго да трае даа игра на заведување, а кога ќе намали интензитетот, заминувате без трага и му се враќате на првиот партнер.

Скорпија

Како и секогаш во животот, одите на сѐ или ништо. Сакате кога некој се бори за вас и успевате да одолеете и на најупорните флертови. Сепак, ако се посомневате во верноста на другиот, лесно ќе се впуштите во авантура без грижа на совест, само за да не се чувствувате изиграни.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3