Грешки, кои родителите ги прават, кога го ставаат детето на спиење

1637
  1. Му дозволувате на дете постаро од три месеци да заспие пред да го ставите во креветчето

Примамливо е да го носите и галите детето пред да го ставите во креветчето, но детето во креветчето би требало да го ставите додека е будно. Може да биде поспано, но будно.

  1. Ставате кадифени играчки, перничиња или ќебиња во креветчето

Избегнувајте ги тие работи додека детето не наврши барем шест месеци. Сакате да создадете безбедно опкружување, а идеално е детето да спие на грб во вреќа за спиење, без непотребни работи.

  1. Му дозволувате на новороденчето да спие во седиште за во автомобил

Повеќето бебиња ќе заспијат додека ги возите во автомобил, но тоа може да биде проблем, бидејќи немаат контрола врз вратот. Може да се случи главечето да им падне напред и брадата да им стои на градите, што може да го отежне дишењето.

  1. Му дозволувате да се премори

Некои деца не покажуваат знаци на замор со проѕевање, туку со дивеење и хиперактивност. Научетеги знаците, кои детето ви ги дава и ставете го во кревет, пред да стане преморено, бидејќи така потешко ќе заспие.

  1. Премногу слушате туѓи совети

Преоптоварени сте? Можеби причината е во тоа што слушате други луѓе, наместо својата интуиција. Престанете да ги слушате советите на бабите и дедовците, кои ви говорат што треба да правите. Престанете да ги слушате пријателките, кои велат дека нивното дете спие цела ноќ од првиот ден. Се додека детето е нормално и здраво значи дека ја правите вистинската работа. Секое дете е посебно, а вие најдобро знаете што му одговара.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk