Еве зошто треба да јадеме кромид секој ден

1546

Зеленчукот и зачините од семејството на кромидот имаат магични придобивки за здравјето и организмот.

Сите тие поседуваат својства кои ги подобруваат функциите на одделни органи и системи и ја прават нивната работа полесна и квалитетна.

Во кромидот се содржат флавоноиди, кои се борат со воспаленијата, слободните радикали и клиничките процеси во клетките.

Кои материи ги содржи кромидот?

Тој е исклучително богат со витамин Ц, фолати, калиум, манган, влакна, витамин Б6 (фолна киселина).

За што помага кромидот?

Според истражувањата кромидот помага при некои навистина сериозни заболувања, што го прави задолжителен дел од менито. Не го превидувајте, бидејќи тој може да ја подобри здравствената состојба.

Го намалува ризикот од дијабетес

Во кромидот се содржат влакна кои го регулираат метаболизмот и го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Биотинот во кромидот има такво дејство. Тој може да ги имобилизира процесите на преддијабет, како и да ја подобри состојбата кај оние со дијабетес тип 2 и инсулинска резистенција.

Продолжува на страна 2