Глог | Растение кое лекува сѐ

5486

Глогот е многу лековито растение и распространето е и на нашето поднебје. Сепак, значението на глогот е потценето во алтернативната медицина.

Оваа билка успешно помага при хипертензија, несоница, нервоза и одлична е во превенцијата кај срцевите заболувања.

Содржи активни материи со антиоксидантно дејство. Глогот е богат со калиум, натриум и фосфорна киселина. Глогот има проверено седативно дејство, но е и најдобриот природен лек за срцето.

Чајот од глог ќе го подготвите така што сушениот лист и цвет од глогот ќе ги прелиете со зовриена вода и ќе ги оставите да отстојат еден час. Процедете ја течноста и пијте ја 2 пати дневно.

Срцево болните кои се на терпија со медикаменти нека се консултираат со својот кардиолог за примената на глогот.