Добрината се учи од мали нозе

1490

Родителите треба да му објаснат на детето дека не е центар на универзумот, оти се не се врти околу него и дека не мора да му се исполнуваат сите желби.

Благодарните деца знаат да го ценат тоа што го имаат и пред своите родители не поставуваат преголеми барања. Тие воедно се и среќни и не се оптоваруваат со брендирана облека.

За кај детето да се развие чувството на благодарност родителот треба да му покаже да биде „одговорен граѓанин“, така што заедно ќе волонтираат во некој центар или ќе учествуваат во доброволни акции за зачувување на животната средина.

Родителот секогаш треба да му кажува на детето што значи да се биде добар. Уште од раното детство треба да му се читаат бајки, а потоа детето да одговори кој лик е добар, а кој лош.