
Во истиот сегмент ја опишува својата омилена сцена: “Мојата омилена сцена од порно филмовите на сите времиња вклучува две испотени жени, 50 напалени мажи, магацин, ремени, фен за коса и такси. Можете да го замислите сето ова на десет различни начини и се обложувам дека сè уште не можете да погодите како всушност тоа изгледало.”
Така, вели таа, ја започнала својата фасцинација со гледање групен секс, а сѐ кулминирало со видео во кое 620 мажи имале секс со една жена.
“Моите сексуални навики биле болни и срамни. Моите мисли биле болни и срамни. Бев болна и срамна. Но, ништо не можело да ме спречи во намерата да ја добијам мојата доза на жешка порнографија”, прецизира Garza.
Garza признава дека била верена за маж кој ја нагаворал да се пријави во анонимната група зависници од секс, но таа го одбила неговиот предлог и почнала да спие со повеќе мажи.
Во еден дел опишува како се бори сама со себе обидувајќи се да ја пронајде причината за нејзината зависност.
“Живеев нормален живот, имав родители кои ме сакаа најмногу на светот и немав сексуални трауми од детството”, рече таа.
Конечно одлучила да се пресели во Индонезија и да се одвикне засекогаш гнасните навики. Таму го запознала сегашниот сопруг (39), кој ја испитувал зошто била зависна од порнографија. Почнала да оди на терапија и практикувала јога за да ги пренасочи своите мисли. Сега, вели таа, гледа порно во рамките на разумно ниво.
“Како млади родители кои се обидуваат да функционираат со малку спиење и да одржат рамнотежа помеѓу менувањето на пелените и хранењето, понекогаш користиме порнографија како катализатор за полесна транзиција во секси време кое го имаме за нас двајцата. Понекогаш после тоа се чувствувам виновна. Но, повторно, постојат денови кога нашето дете добро е наспано и ние, заедно сме со него, па не треба да размислуваме за тоа што правиме погрешно. Мислам дека нѐ очекува светла иднина”, заклучува Garza.


















