Erica Garza (35), во својата книга под наслов “Getting Off”, проговорила за нејзиниот однос со порнографијата, кој започнал кога таа имала 12 години и траел до раните триесетти години.
Зависноста делумно била растурена поради љубовта со нејзиниот сегашен сопруг, Willow Neilson, со кого има дете, пишува Њујорк Пост.
“Она што добив од својата зависност е една комплексна мешавина од срам и сексуална возбуда”, пишува во својата книга Гарза, објаснувајќи дека нејзината навика запчонала со гледање меки порно филмови кога нејзините родители би заминале на спиење.
Како што растела, а интернетот станувал се поразвиен, таа се префрлила на нешто посилна содржина на компјутер. Едно од посебните спомени за неа е времето кога протекоа видео снимките на Памела Андерсон и Томи Ли во 1997 година. Тогаш имала 15 години.
Нејзините момчиња и сексуалните партнери ја сметале за “cool девојче” заради нејзиниот отворен однос кон порнографијата.
Во период од 17 години, кога таа ја изгубила невиноста, Garza имала сексуални односи со мажи, кои ѝ оставале чувство на “скршеност, неодговорност, безвредност и искористеонст”.
Во една анегдота во книгата признава дека кога гледала порно по сексот со партнерот имала двоен оргазам, кој не можела да го постигне со него.
“Еднаш гледав три-минутно видео со секс на млада навивачка со нејзиниот очув во кујна, додека нејзината мајка се туширала на спратот и тогаш помислив, како можам да си дозволам некој како Clay (тогашен дечко) да ме искористува за секс”, напишала Гарза.
Продолжува на страна 2